Го направивме Ековат, ERP за ВиК фирма со екипи на терен
На 3 мај 2026 г. го завршивме Ековат: ERP систем направен по мерка за фирма со теренски операции во ВиК. Барањата, работните картони на екипите, магацинот, возниот парк и документите сега се на едно место, а прикачената фактура или испратница се чита автоматски.

Што сакаше фирмата?
Работата беше расфрлана по табели и хартија. Фирмата сакаше целиот процес да биде на едно место и системот да се отвора во прелистувач, за да го користат и канцеларијата и луѓето на терен.
Што направивме?
- Барања со скенираното барање, записникот и фактурата во еден ред и извештај по ставки: план, извршено и остаток.
- Работни картони за секој ден на терен: објект, техничар, број работници, часови и механизација.
- Магацин со примени, отпишани и достапни количини по материјал.
- Возен парк со осигурување, технички преглед и вињета за секоја машина, како и предупредување пред истекот.
- Извештаи и контролна табла за управителот со активните и задоцнетите барања.
- Улоги и права: секој го гледа својот дел од работата.

Како влегуваат фактурите и испратниците?
Никој не ги препишува. Се прикачува PDF или фотографија од фактура, барање или испратница, а системот ги извлекува бројот, датумите, објектот, договорот, местата на испорака и ставките со стоки, при што секое поле има ниво на сигурност. Операторот го прегледува препознаеното, го потврдува и тоа влегува во нарачките и во магацинот.

Сите екрани се во случајот за Ековат.






































